Home » Редовна 19-та Владина седница 

Редовна 19-та Владина седница 

by Журнал.мк

Владата на Република Северна Македонија, денеска 2.3.2022 година (среда) ќе ја одржи редовната 19-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за задолженијата за надлежните институции по мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

За разгледување, најавена е и Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за нејзина имплементација.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More