Home » Регулаторната комисија неделава треба да ги усвои измените на новиот тарифник за цената на струјата

Регулаторната комисија неделава треба да ги усвои измените на новиот тарифник за цената на струјата

by Журнал.мк

Најдоцна до петок, пак, 24 јуни, ЕСМ треба да достави понуда на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Од цената која ќе ја понуди ЕСМ ќе зависи колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, а токму делот на универзалниот снабдувач најмногу влијае на цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава
До крајот на неделава Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) треба да ги усвои измените на тарифниот систем за пресметка на цената на електричната енергија од универзалниот снабдувач.

Со новиот тарифен систем би се вовеле четири блок-тарифи кои ќе важат само за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Според новиот тарифник, предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420 киловат часови, во третиот блок од 421 до 630 киловат часови и во четвртиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.

Новите блок-тарифи ќе важат за сите граѓани, а според најавите на првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, оние кои трошат најмногу ќе имаат гарантирана цена и за прв блок, гарантирана цена и за втор блок и гарантирана цена за трет блок

„Доколку во скапа тарифа сте потрошиле 650 киловат часови, 210 киловат часови ви се гарантирани по цена од прв блок, од 210 до 420 по цена од втор блок, од 420 до 630 по цена од трет блок и само 20 киловат часови, односно разликата од 630 до 650 киловат часови ќе платите по цена за четврт блок“,

појасни неодамна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Најдоцна до петок, 24 јуни, ЕСМ треба да достави понуда на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Се очекува ЕСМ да достави и понуда за загубите на електрична енергија во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција.

МЕПСО и Електродистрибуција веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто.

Од цената која ќе ја понуди ЕСМ ќе зависи колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, а токму делот на универзалниот снабдувач најмногу влијае на цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава.

ЕСМ лани понуди цена по 41 евро за мегават час за 100 отсто од потребите на ЕВН хоум и целосно покривање на загубите во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk