29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Ребаланс на буџетот следната недела

Најчитани вести

Следната недела на владина седница ќе се најде ребалансот на буџетот, една од мерките и за стимулација на општиот раст на платите. Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, која е прва жена министерка за финансии изјави дека ќе се разгледуваат ефектите на сите почнати и предложени реформи досега и потоа ќе се донесе одлука.

Ангеловска најави амбициозна програма за менаџирање со јавните финансии и донесување на нов закон за буџет со кој ќе се регулираат сите буџетски процеси.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пред неколку дена за ТВ21 рече дека Владата работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите. Владата најавува дека ќе има покачување на минималната плата, но сумата се уште не е утврдена. Сепак, според програмата План за живот, презентирана за време на изборите, СДСМ ветуваше дека до крајот на нивниот мандат како влада минималната плата ќе изнесува 16 000 денари, а просечната плата да биде 30 000 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com