Home » Реал ќе го испрати Гулер на заем

Реал ќе го испрати Гулер на заем

by Lina Muslija

Арда Гулер во летниот преоден рок ги скара големите ривали Барселона и Реал Мадрид. Во летниот преоден рок Барселона го договри неговиот трансфер, на крајот Фенербахче се договори со Реал кој понуди повеќе пари за 18-годишниот фудбалер.

Гулер во Реал беше најавен како идна голема ѕвезда, меѓутоа се повреди на почетокот на подготвителниот период, поради што клубот не го регистрираше за настапите во Лигата на шампионите.

Неодамна се рехабилитираше од повредата, требаше да биде во конкуренција за место во тимот кој во средата го победи Лас Палмас, меѓутоа повторно се повреди.

Покрај сознанието дека повторно ќе отсуствува, Гулер дозна уште една вест која нема да му се допадне. Според шпанските медиуми, Карло Анчелоти им порачал на клупските челници, дека Гулер не му е потребен оваа сеозна и им препорачал во јануарскиот преоден рок да го испратат на позајмица.

Целта на Анчелоти е 18-годишникот да замине во тим каде што ќе има можност да игра редовно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More