9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Реал со 300 милиони евра ќе го рушат светскиот рекорд

Најчитани вести

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наредното лето бил подготвен да истури огромна сума на пари за да донесе играч кој со својот квалитет би можел да му носи успеси на тимот во наредната деценија.

„АС“, објави дека Перез би убеден дека до трансферот на Килијан Мбапе ќе започне новата ера на „кралскиот клуб“.

„Дали го видовте настапот на Мбапе? За едно полувреме има даде хет-трик на Бриж против кого ние патевме на Сантијаго Бернабеу. Тој е единствениот играч кој би кренал на нозе навивачите и би го држел тимот најмалку 10 години“, наводно им напишал Перез на своите најблиски соработници.

„ПСЖ не е клуб што мора да ги продава своите најдобри играчи. Неговиот трансфер ќе биде сложена операција. Може да помогне тоа што Реал и ПСЖ имаат одлично односи“, пишува во текстот на „АС“.

Наводно Перез за Мбапе ќе понудел 300 милиони евра, што е за 78 милиони евра повеќе од светскиот рекорд кој токму ПСЖ го платија за трансферот на Нејмар.

Реал летово потрошија 203 милиони евра за Јовиќ, Менди, Милитао и Родриго но никој од нив не успеава да се наметне во досегашниот тек од сезоната. Поради тоа Перез бил убеден дека е подобро 300 милиони евра да потроши на само еден фудбалер, на вистинска ѕвезда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com