Кристијан Ериксен по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен фудбалер, бидејќи му истекува договорот со Тотнем.
Данецот долго време е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, а „Марка“ објавува дека шпанскиот гигант ќе го ангажира уште во јануари. „Кралевите“ се подготвени на Тотнем да му платат и неколку милиони евра за Ериксен порано да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Зидан не сака да чека до завршувањето на сезоната, туку очекува фудбалерот од средниот ред да ја искористи полусезоната за вклопување во тимот, а веќе од следната сезона да биде една од главните алки во тимот.
Интерес за 27-годишниот фудбалер има и од таборот на Манчестер јунајтед.