23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Реал и официјално побара да не игра на „Сантиаго Бернабеу“

Најчитани вести

Реал Мадрид од управата на шпанската Примера побара на почетокот на сезоната своите натпревари да не ги игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Поради градежните активности на стадионот во Мадрид од клубот побараа да не бидат домаќини во првите три кола во новата сезона.

Летово е планирано да се тргне еден од столбовите на аголот на стадионот, односно да се тргне целосниот кров.

Градежните работи ќе траат околу три ипол години со тоа што најтешките активности ќе бидат изведени во текот на летото.

Од Реал се надеваат дека управата ќе им излезе во пресрет, како што беше во случај и со Атлетико Мадрид при довршување на „Ванда Метрополитано“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести