Реал Мадрид синоќа играше пријателски натпревар против Арсенал во рамките на турнејата во САД.
Избраниците на Зинедин Зидан по првото полувреме губеа со 2:0, но успеаја да се вратат во натпреварот, па на крајот да остварат победа по подоброто изведување на пенали.
Сенка на натпреварот фрли повредата на Асенсио кој мораше да го напушти теренот, а сите се надеваа дека тестовите ќе покажат дека повредата не е од потешка природа.
Од Реал Мадрид се огласија и ја објаснија ситуацијата.
„По завршените тестови утврдено е пукнатина на предниот лигамент како и менискусот на неговото лево колено. Тој ќе биде опериран во следните неколку дена“, стои во соопштението на Реал, што значи дека Асенсио го очекува подолга пауза од неколку месеци.