Home » Реакции за посетата на косовскиот премиер

Реакции за посетата на косовскиот премиер

by Журнал.мк

Наместо одговор за посетата на косовскиот премиер Курти на земјава, кој во Чаир присуствуваше на преименување на улица и во Тетово на концерт, каде се вееше знамето со картата на голема Албанија, градоначалникот на Тетово Биљаљ Касами на социјалните мрежи објави ново видео со песната добредојдовте во Албанија.

Реакциите не стивнуваат. Осуда од претседателот Пендаровски. Смета дека со веењето на знамето со карта на голема Албанија се разгорува етничката омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат вредностите на Рамковниот договор. За игнорирањето на државните симболи тој бара организаторите да бидат санкционирани. Преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ – вели е спротивно на принципот на демократска дебата.

И за овие настани партиите со меѓусебни обвинувања. СДСМ прстот го впери во Христијан Мицкоски за кој велат дека е во неформална коалиција со Касами, додека пак ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и ДУИ помогнале во организацијата на посетата на Курти за која не смеат да се амнестираат.

По секоја цена сакаме да проблематизираме и ние не сме тие кои го вееле знамето. Наместо осуда за настанот, претседателот на новоформираната партија демократско движење и пратеник Изет Меџити, кој беше во првите редови до Курти, рече дека секојдневно по спортски натпревари се истакнува знамето од Кутлеш и голема Македонија.

Албин Курти во земјава беше пречекан со албанско, косовско, но не и со македонското знаме. Еднодневната посета на косовскиот премиер помина без средби со државниот врв.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More