15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Рајола објавените провизии за тренафер на Халанд во Барселона ги нарече лажни

Најчитани вести

Објавувањето на деталите од разговорите кои ги воделе Мино Рајола и таткото на фудбалерот Ерлинг Халанд, Алф-Инге на средбата со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за евентуален трансфер на младиот Норвежанец на „Камп Ноу“ го испровоцираа менаџерот на гол-мајсторот да се огласи во јавноста. Рајола веста дека барале милионски провизии ја оквалификаува како „лажна вест“.

Двоецот Рајола и Халанд по Барселона ја продолжи турнејата во пресрет на летниот преоден рок во Мадрид и во Лондон.

Вчера каталонскиот новинар Жерар Ромеро објави што побарале Рајола и таткото на фудбалерот да и се придружи гол-мајсторот на Барселона. Според него нивниот список со барања за да биде комплетиран трансферот на Халанд од Борусија Дортмунд бил сочинет од:
– 20 милиони евра провизија за менаџерот
– 20 милиони евра провизија за таткото на фудбалерот
– 30 милиони евра нето плата за Ерлинг Халанд
– Меси да остане во Барселона
– да се плати обесштетувањето кое ќе го побара Борусија Дортмунд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести