19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Рашковски поднесе неотповиклива оставка

Најчитани вести

Драги Рашковски преку писмо на Фејсбук објави дека се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада. Тој порача вистината да се провери преку институциите.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, напиша Рашковски.

Тој вели дека освен зачувувањето на интегритетот и достоинството, причината за неговото повлекување се и актуелните случувања и според него лажните вести, кои вели дека треба да се проверат преку институциите.

Во Антикорупциска отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист. За Рашковски се врзува и скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром.

https://www.facebook.com/dragi.raskovski/posts/10158415742244633

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести