14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Рашковски за доказите на обвинителката во „Софтвери“ вели дека се приказна и го бара УСБ -то од МВР

Најчитани вести

Првообвинетиот во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски тврди дека доказите на Обвинителството за организиран криминал се набавени на незаконски начин, и побара обвинителката Ивана Трајчева да достави УСБ од вештачењето на телефоните во МВР, односно од вибер комуникацијата на обвинетите која таа ја презентираше во судницата.

-Не би било фер ако не го кажам тоа што го мислам, но ако е изведување материјални докази, тогаш ве молам ставете УСБ во комјутерот, рече Рашковски пред судечкиот совет и побара за да се утврди автентичноста на документот да се види кој го креирал и кога бил креиран.

-Во спротивно, ова е напишана приказна во ворд документ, јас знам како пишувала обвинителката во 2009 година, додаде Рашковски.

Обвинителката, пак, објасни дека доказите што се презентираат, односно пораките се содржани во извештајот на Истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а дека УСБ е доставено до Судот, и дека со оглед на тоа што имало и приватни разговори биле избрани само тие што се потребни во доказната постапка.

По ова, продолжи презентацијата на вибер комуникацијата во која има пораки и од Даниел Станчев, сопственик Инвока Груп и Игор Христов, хонорарец во Владата со кого Станчев разговара дека бил распишан тендер за софтверот за определување просечна брзина на возила во сообраќајот. Од пораките на обвинетите се дозна дека на тендерот освен компанијата „Инвока“, конкурирале и други две фирми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com