20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

„Рачињата во медот“ и Мицкоски на излезна врата од ДПМНЕ?

Најчитани вести

СОТИР ГАБЕЛОСКИ

ВМРО ДПМНЕ станува опозиција во град Скопје, градоначалниците на Христијан Мицкоски потфрлаат, една фракција за промена на раководството е обелоденета – дали Мицкоски се’ уште мисли дека ќе победат на предвремени парламентарни избори?
ДПМНЕ ја загуби Данела Арсовска. Се покажа дека партијата мисли само како да ги „брцне рачињата во медот“, а не како да го подобри функционирањето на градот, општините и државата. Не само што делувале со криминална предумисла, туку и се покажаа како лоши менаџери. ВМРО ДПМНЕ победи на локалните избори, а по нецела година веќе се разотиде со скопската градоначалничка. Ако немате разбирачка со еден од вашите луѓе, како да очекуваат граѓаните дека ќе ги предводите во останатите општини и, не дај Боже, државата?

Градоначалниците од најголемите општини во Македонија, предводени од кадри на ВМРО ДПМНЕ, уште пролетта и раното лето почнаа да „цвикаат“ за тешката зима што претстои. Ја обвинуваат владата, а забораваат дека имаат милионски приходи во општинската каса и со тие пари да можат врз основа на ребаланс да покријат дел од трошоците. Тие што направија? Онака како што прави човек кој не сака и/или не знае да работи и да решава проблеми – ја префрла топката на друг, во случајов на владата. Не сте поставени на позициите само да се жалите, ами да работите. Зачудувачки е како од многу мали општини не слушнавме жалби за зголемените трошоци, но од овие со најголеми приходи ни „пукнаа“ ушните тапанчиња.

Ако претпоставиме дека во ДПМНЕ има неколку фракции, од денес официјално една од нив се актуелизира во јавноста. Оливер Андонов со иницијатива за смена на Мицкоски. Претседателе Мицкоски, после ваквиот раскол после само неколку месеци од локалните избори дали се’ уште се надевате на изборна победа?

Раскол во ВМРО ДПМНЕ по неколку основи, од градоначалници до иницијативи за смена на претседателот. ДПМНЕ после победата – поразена. ДПМНЕ после победата – изгубена. ДПМНЕ после победата на локални избори – со рачињата во медот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com