Home » Рафиња сака да ги следи стапките на двајца свои сонародници во Барселона: Да ја вратиме старата Барса

Рафиња сака да ги следи стапките на двајца свои сонародници во Барселона: Да ја вратиме старата Барса

by Журнал.мк

Барселона вчера го потврди договорот со Лидс Јунајтед за трансфер на Рафиња, по што Бразилецот веднаш се упати кон Шпанија и веќе е пристигнат во просториите на клубот.

По комплетирањето на стандардните медицински прегледи, Рафиња ќе стави потпис на петгодишен договор со каталонскиот гигант и ќе се претвори во најзвучно и најскапо летно засилување, бидејќи неговиот трансфер изнесува 75 милиони евра.

Бразилскиот репрезентативец пристигнува како голема ѕвезда од Премиер лигата која воодушеви со настапите за Лидс, а самиот во првото интервју за клубот вели дека негов пример се сонародниците Роналдињо и Нејмар.

– За мене ова е остварување на сонот, но не само за мене, за цело мое семејство и моите пријатели. Кој ме познава, знае дека за ова сонував од дете. Сега ми преостанува да го дадам најдоброто од себе и да помогнам Барселона да се врати на она што беше. Да ја вратиме вистинската Барса.

– Ги гледава Роналдињо и Нејмар како играат тука и јас сум уште еден Бразилец кој ја бира Барселона. Се надевам дека ќе го повторам она што го остварија Роналдињо и Нејмар, – вели Рафиња.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More