24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Рафаел Надал ќе се жени по 14 години врска

Најчитани вести

По 14 годишна врска шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се жени со девојка му Мариа Перељо. Свадбата ќе се случи  на 19 ноември во Поленса град на Мајорка, кој се наоѓа во близина на крајбрежјето на земјата.

По веридбата која се случи минатата година, ппанските медиуми шпекулираа дека Надал ќе прави свадба по освоениот тениски турнир „Роланд Гарос“. Подоцна тој ја негираше ваквата информација.

Надал изнајмил цел луксузен комплекс со базени, приватни соби, а има и хелиодром, пишува Majorca Daily. На свадбата е поканет и шпанскиот крал Хуан Карлос, со кого Надал е во одлични пријателски односи.

Надал и Мери се заедно од 2005 година, но се имаат запозната многу порано. Мариа е дипломиран финансиски експерт, а работи како водител на проектите на хуманитарните организации на Надал.

Медиумите во Шпанија за неа пишуваат дека не е типична жена на спортист, кога се во прашање социјалните мрежи. Мери нема службени профили на ниту една социјална мрежа.Текстот Рафаел Надал ќе се жени по 14 години врска е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести