Home » Расчистени три тешки кражби во Битола, приведени пет лица

Расчистени три тешки кражби во Битола, приведени пет лица

by Журнал.мк

На 22.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.М.(23), С.М.(26), М.Ј.(31), Ф.М(44) и Ѓ.М.(34), сите од Битола.

Тие се сомничат дека во периодот од 19.02. до 22.02.2023 извршиле три тешки кражби, од кои две во хидроцентралата Сапунчица во с.Дихово, битолско, и една во објект на Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, во кругот на старата касарна во Битола, при што одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk