21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници

Најчитани вести

Брендот во рамките на Stellantis групацијата забележа раст на продажбата во сите региони, а најдобар резултат постигна малиот C3 и вановите во LCV гамата.

Според соопштението на производителот, продажбата на моделите на Citroën порасна за 7% во 2021 година.

Брендот забележа 796,868 продадени примероци, од кои 624,140 во Европа (раст од 1,2%); 61,695 на Блискиот Исток и Африка (раст од 12%); 48,615 во Јужна Америка (раст од 39%); 41,391 во Кина (раст од 102%); 8,665 во Индија/Азија и Пацификот (раст од 14%).

Најдобро продаван модел на брендот изминатата година беше C3, чија генерација е на пазарот уште од 2016 година. Моделот е поставен на платформа различна од онаа на Corsa и 208 – соодветните модели на сестринските брендови Opel и Peugeot.

Најголем раст, пак, забележа големиот комерцијален ван, моделот Jumper, а за разлика од него, компактниот ван Berlingo забележа намалување за 24%.

Дебитантот C5 X забележа 12,000 регистрации во Кина, и тоа во втората половина од годинава, додека новата генерација на C4, по комерцијализирањето во 2020, забележа 72,962 продажби.

Дополнително намалување на продажбите годинава се очекува за вановите Berlingo и SpaceTourer, со оглед на одлуката на Stellantis да ја дисконтинуира продажбата на нивните изведби со мотори со внатрешно согорување во Европа.

Малиот четирицикл, моделот Ami, лани забележа безмалку 10,000 регистрации, но, иако има комплетно електричен погон, заради неговата хомологација не влегува во просекот за Co2 нормите на групацијата. 

Новиот извршен директор на Citroën, Винсент Кобе, цели кон зголемување на продажбите надвор од Европа, поточно во Индија, каде новиот C3 ќе дебитира пред неговото лансирање на останатите пазари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com