Home » Расте интересот за изучување македонски јазик ширум светот

Расте интересот за изучување македонски јазик ширум светот

by Журнал.мк

Во светот расте, а во земјава се намалува интересот за изучување македонски јазик. Се поголем број странци ширум светот го изучуваат македонскиот јазик.

Интерес има кај лингвистите од САД, Јужна Кореја, Италија, Турција, Франција, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Русија, Чешка. Од сите овие земји има учесници на Летната школа за македонски јазик што се одржува во Охрид.

Цао Чн од Кина, професорка на најдобриот универзитет во Азија, Пекиншкиот универзитет по странски студии во Кина, каде се одвива настава по македонски јазик, вели има голем број заинтересирани студенти.

„Мене ми е мило и лесно да учам македонски јазик, порано учев и бугарски јазик. Уживам во студирањето на балканските земји. Учам македонски јазик со професор Симон Саздов од УКИМ веќе неколку месеци“, вели Цао Чн лингвистка од Пекинг Кина.

Виетнамка која живее во Чешка има желба да го совлада македонскиот јазик.

„Чест ми е да го учам македонскиот јазик. Многу е близок до словенските јазици, а мене ми се допаѓа конекцијата помеѓу јазиците и учењето повеќе јазици ми е предизвик“, вели Ева Даова студент од Чешка.

И додека во светот расте интересот за изучување на македонскиот јазик, во земјава се намалува. Значително е намален бројот на студенти на катедрата на македонски јазик при УКИМ.

„Се намалува ако направиме споредба со минатите години, но се трудиме да го одржиме на одредено ниво. Со промоција на дел од филолошкиот факултет од катедрата за македонски јазик и мислам дека ќе вроди со плод“, вели професор д-р Никола Јанкуловски ректор на УКИМ.

„Во оваа експанзија на информатичката наука, тоа е еден глобален процес зошто не почнеме да размислуваме за тоа како информатичките науки можат да помогнат во изучувањето на македонскиот јазик во развивањето и т.н.“, вели проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Научната фела размислува за воведување засебен смер македонски јазик со информатички науки, со цел зголемување на бројот на студенти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More