21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Расте извозот од компаниите во зоните и во време на пандемија

Најчитани вести

Расте извозот од компаниите во зоните и во време на пандемија. Податоците покажуваат дека во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот од зоните се зголемил за 17%. Директорот на зоните вели дека овие компании бргу заздравуваат од кризата, а очекува и нови инвестиции.

“Од деловните планови кои што ги доставија до нас, во кои што имаме увид, станува збор за нови инвестиции некаде помеѓу 80 и 100 милиони евра. Зборувам за деловни планови кои што пристигнаа до нас во последниве неколку месеци. Дополнително имаме инвестиции кои што се во тек и се реализираат од претходниот период. Така што ми укажува и ме охрабрува дека компаниите не размислуваат само како да преживеат, туку размислуваат и како да ги зголемат своите капацитети”, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Дејностите на најголем дел од овие компании се поврзани со автомобилската индустрија и се директно зависни од нарачките од странство, поради што на почетокот од пандемијата се соочија со пад на извозот од околу 90%. Сега Европа се соочува со нов бран и некои земји повторно се затвораат, што одново носи неизвесност за нарачките.

“Овие бројки сега не покажуваат апсолутно никаква причина за загриженост. Имаме редовни контакти со компаниите во зоните. Повторно кажувам ризици постојат и секогаш ќе постојат. Меѓутоа она што мене ми влева некаква сигурност е тоа што поучени од она што се случи минатата година, мислам дека и одбранбените механизми и механизмите за реакција кај самите компании, но и кај државата се веќе изградени”, вели директорот Деспотовски.

Компаниите од зоните генерираат речиси половина од вкупниот извоз од земјава. Бројот на вработени во тие фирми во време на пандемија остана стабилен, а според договорите, покрај постоечките 14.000, во наредниот период треба да се отворат уште 7.500 нови работни места.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести