21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Расте евроскептицизмот кај младите, се зголемува подршката за Русија

Најчитани вести

Лицата на возраст од 18 до 29 години се најголемата група на испитаници кои не го подржуваат членството во ЕУ. Подршката кон Унијата бележи пад од 7,6% во однос на 2019 година. Кредибилитетот е нарушен. Наспроти тоа расте довербата кон Русија. Причина за ова се последните случувања со Бугарија и губењето на довербата дека нашата земја ќе може во догледно време да стане дел од европското семејство.

Заканата за губење на националниот идентитет, суверенитет и независноста на државата како последица на европеизација се наметнуваат како најважни фактори за евроскептичните ставови. Овој ќорсокак ја става под ризик регионалната стабилност и го зголемува јазот во секој аспект меѓу Западен Балкан и ЕУ, потикнува авторитарни тенденции, популистички гласови, вели Марко Трошановски.

Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер предупредува дека земјата мора да се фокусира на реформите, економскиот развој и животната средина. Подршката од Германија секогаш ќе ја има.

И покрај зголемувањето на евроскептицизмот кај младите, ЕУ и натму се смета за наш најголем сојузник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести