Бројот на загинати во шумските пожари во Хаваи расте, има над 100 жртви, вели гувернерот Грин. Вели дека разговарал со претседателот Бајден, а тој најавил дека ќе ја посети државата кога ќе биде сигурен дека нема да го наруши закрепнувањето.
„Зборував со претседателот Бајден. Тој искрено жали за трагедијата што се случи. Никогаш не сум видел таква посветеност кај претседател, кој во рок од шест часа го посвети своето време за да се обврзе на целосна поправка и реконструкција за нашите луѓе овде на Хаваи“, изјави Џош Грин, гувернер на Хаваи.