Home » Расте бројот на жртви од трговијата со луѓе

Расте бројот на жртви од трговијата со луѓе

by Журнал.мк

Ниту пандемијата со Ковид-19 не ја запре трговијата со луѓе, туку напротив се зголеми бројот на жртви и лица изложени на ризик. Жените и девојчињата се особено жртви на ова модерно ропство, велат експертите.

СОГЛАСНО ПОСЛЕДНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ ПОВЕЌЕ ОД 40 МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ НАОЃАААТ ВО МОДЕРНО РОПСТВО ОД КОИ 25 МИЛИОНИ СЕ ПРИСИЛЕНИ ДА РАБОТАТ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ СИНЏИРИ. ТРГОВИЈАТА ДИСПРОПОРЦИОНАЛНО ВЛИЈАЕ НА ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОН ЗА ДРОГА И КРИМИНАЛ ПРОЦЕНУВА ДЕКА 7 0Д СИТЕ 10 ЖРТВИ КОИ ЌЕ СЕ ОТКРИЈАТ НА ГЛОБАЛНО НИВО СЕ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА, ЕДНА ТРЕТИНА ОД НИВ СЕ ДЕЦА, ВЕЛИ КЛЕМЕНС КОЈА, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ.

————————————-

НА ПОРАСТОТ НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ ОСОБЕНО ВЛИЈААТ ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ СИНЏИРИ НА СНАБДУВАЊЕ, АУТСОРСИНГОТ НА СТОКИ И УСЛУГИ КАКО ЕДЕН ОД НАЧИНИТЕ НА КОЈ КОМПАНИИТЕ ГИ НАМАЛУВААТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО. ОВА ОСТАВА ПРОСТОР, ОСОБЕНО ОНИЕ СО ГЛОБАЛЕН СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ ДА БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК, ДА ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ПРАКТИКИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ СО ЦЕЛ ПРИНУДНА РАБОТА И ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДЕТСКИОТ ТРУД ВО РАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА.

Загрижува фактот што трудовата експлотација го зазема првото место.

ОД МИНАТАТА ГОДИНА ВО РС. МАКЕДОНИЈА ДРАСТИЧНО Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ОТКРИЕНИ ЖРТВИ 48 ОД КОИ 39 СЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ КАКО ЖРТВИ НА ТРУДОВА ЕКСПЛОАТАЦИЈА, ТАКА ШТО ТРУДОВАТА ЕКСПЛОАТАЦИЈА ЗАПОЧНУВА ДА ГО ЗАВЗЕМА ПРВОТО МЕСТО, ПО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ИДЕНТИФИКУВАНИ ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ, ВЕЛИ МАГДАЛЕНА НЕСТОРОВСКА, НАЦИОНАЛНА КООРДИНАТОРКА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА.

Според Несторовска токму угостителската индустрија е една од областите која е многу ранлива за трговијата со луѓе, особено кога станува збор за сексуалната експлоатација, присилна проституција, слугување и принудна работа во хотелиерството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk