7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Растат цените на храната, реално или вештачки?

Најчитани вести

Во година на здравствена и економска криза основните трошоците на просечно четиричлено семејство пораснале за 831 денар. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, само за покривање на основни трошоци во март потребни биле 33.771 денар. Сега семејството треба да одвои речиси 300 денари повеќе за храна и уште 400 денари повеќе за домување и сметки.
Според синдикалците поскапувањето е неоправдано и вештачко.

Државната статистика, исто така, пресмета дека на годишно ниво пораснале сите прехранбени производи, а најмногу маслото, за дури 14%. Граѓаните имаат впечаток дека поскапувањето е многу поголемо.

Со најновите законски измени се зголеми акцизата, со што дополнително поскапеа горивата. Од ССМ, кои редовно ја пресметуваат минималната потрошувачка, стравуваат дека ова поскапување на горивата ќе се преслика и на другите производи.

Со новото зголемување минималната плата сега ќе изнесува скоро 15.200 денари. Ако двајцата родители земаат минимална плата, тоа нема да биде доволно за основните потреби, односно ќе покријат 90% од трошоците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com