14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Распродажба во Јувентус: Седум ѕвезди ги спакуваа куферите

Најчитани вести

Јувентус оваа недела ќе продава играчи, следи состанок на Сари и Паратичи, некои работи се блиску до крајот.

Имено, Моис Кеан е блиску до Евертон, трансфер кој во касата ќе донесе 40 милиони евра, останува да се види колку ќе биде клаузуалта за откуп која Јуве сака да ја внесе во договорот. Зошто го продаваат Кеан? Освен што конкуренцијата е силна, се шпекулира дека младиот напаѓач покажувал одредени аномалии во однесувањето, слично како Балотели, па во Јувентус работите брзо ги решаваат.

Оваа недела, Јуве би можел да го раскине договорот со Кедира, тој има понуда од Волвс и уште неколку клуба, но се зборува дека ќе оди во Арсенал, повторно да игра со Озил. Јувентус би го пуштил со мала надомест, за да ги сочува парите од неговиот договор. Истото важи и за Матуиди, кого Сари не го гледа во тимот и за кого се заинтересирани ПСЖ и Монако.

Перин е на вратите на Астон Вила, дошол да се поздрави со соиграчите, а во овој момент најмногу интерес предизвикува состанокот со Николас Игуаин. До сега Аргентинецот одбива да си оди, денеска би можело да биде јасно дали има простор за договор, Џеко го чека исходот за да си замине во Интер.

Што се однесува на Манџукиќ, ситауцијата и понатаму не е јасна, има интерес од сите страни, но изгледа дека тој е најблсику до тоа да остане. Во нападот би требало да биде вклучен Икарди, или евентуално Лукаку, иако тоа е малку веројатно. Диабала пристигнува од одмор, ќе се сретне со управата, „Tuttosport“ пишува дека ќе им соопшти дека нема план да си оди, а ќе разговара со Сари околу својата улога во тимот.

Можно е да биде продаден и Ругани, бидејќи Демирал останува, а Јуве веројатно ќе го продаде и Кансело, тука Квадрадо почнува како стартер на десниот бек, по замисла на Сари, го имаат Де Шиљо, а можно е да го доведат и Дармијан од Манчестер Јунајтед. И на крајот, Сари барал Даглас Коста да остане, нема ништо од неговата продажба, тој ќе се бори со Бернандески за место во тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com