2.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Расправа за Изборниот законик ќе има, но не во Собранието

Најчитани вести

Јавна расправа за измените на Изборниот законик ќе има, но не во Собранието, бидејќи за тоа нема деловнички можности, велат од СДСМ. Од таму со апел ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите. Предлог- закон по скратена постапка и истовремено јавна расправа- едно со друго не одат. Власта се обидува да манипулира со помалите партии, став на ВМРО-ДПМНЕ.

Расправа за измените на Изборниот законик ќе има, но не во Собранието поради деловничките пречки. Ќе се одржи на друго место, а датумот и локацијата дополнително ќе се соопштат, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Појасни дека двата предлог- закони се носат по скратена постапка. Со оглед дека веќе е закажана Комисијата за политички систем за разгледување на законите, до кога е и рокот за поднесување на амандмани, според Митрески, целта на јавната расправа е да се сумираат мислењата. Уште еднаш ги повика ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите.

СДСМ се обидува на шверцерски начин да го донесе законот и да ја дефокусира јавноста од останатите проблеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека владејачките партии не можат да се договорат и ги прекршуваат законите. Според деловникот, не може да се носи закон по скратена постапка и истовремено да барате јавна дебата, изјави генералниот секретар на партијата Јанушев. Од опозициската партија сметаат дека СДСМ манипулира со помалите партии.

Работата на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е закочена. Минатонеделниот обид за расправа беше неуспешен. Поднесени се илјадници амандмани. ДУИ има над пет илјади. Се уште се архивираат и се преведуваат на албански јазик. СДСМ ја поддржа иницијативата на 15 пратеници од помалите партии, Македонија да биде една изборна единица. ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со став-за изборниот законик мора да има консензус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com