-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“

Најчитани вести

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“. Конкурсот трае до 15 јануари во 2020 година, а право на учество имаат сите романи кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2019 година.

Романите се доставуваат во пет примероци во читалната „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје).

Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената жири-комисија ќе го соопшти лауреатот најдоцна на 15 март 2020 година. Оваа година, наградата „Роман на годината“ во минатото беше заштитен знак на „Утрински весник“, ќе биде доделена по 21 пат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com