27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Распишана потерница за Мијалков, негова фотографија објавена на сајтот на МВР (ФОТО)

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работ (МВР) и официјално распиша национална потерница по Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, кого го нема од вчера попладне откако полицијата го бараше да му го врачи решението за куќен притвор.

„Мијалков Сашо, од татко Јордан, мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 , кривично дело Злосторничко здружување од член 394 и кривично дело ‘Примање награда за противзаконито влијание‘ по член 359 од КЗ.“, се вели во објавата на МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести