10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Раперот Тајга е уапсен – неговата девојка објави вознемирувачки фотографии

Најчитани вести

Раперот Тајга е уапсен поради тешко семејно насилство, а одредена му е и кауција во износ од 50.000 долари.

Неговата девојка Камарин го обвини дека агресивно ја нападнал за време на расправија во неговата куќа. Раперот доброволно се предал на полицијата, откако неговата поранешна девојка објави фотографии на Инстаграм од наводните повреди што тој ги нанел.

„Толку ми е непријатно и срам ми е што дојде до сево ова, но морам да се грижам за себе“ – напиша таа.

Според ТМЗ, извор близок на Тајга, Свансон дошла кај него видно вознемирена и имале жестока расправија пред неговиот дом. Според членовите на семејството на Тајга, кавгата ескалирала кога тој наводно ја удрил и ѝ нанел модринки по лицето и телото. По инцидентот, нејзината мајка дошла по неа, а Камарин повикала полиција да го пријави случајот. Информацијата за уапсениот рапер ја пренесе полицијата во Лос Анџелес, на својот твитер профил.

„Бев емотивно, психички и физички злоставувана и не сакам повеќе да кријам“ – напиша под фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Тајга и Камарин наводно почнале да се забавуваат во почетокот на 2021, а официјално станаа пар во март. Свансон е Инстаграм модел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com