27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Раните тестови за Intel Rocket Lake покажуваат постепени подобрувања

Најчитани вести

Се појавија рани гејминг бенчмарк тестови за претстојниот Intel Core i7-11700K процесор, откако германскиот продавач MindFactory претходно го објави чипот. Kreator CapFrameX програмата дојде до еден од овие процесори и го тестираше со Intel Core i9-10900K.

Intel вети двоцифрени IPC подобрувања со новата Rocket Lake генерација процесори, меѓутоа доколку резултатите од последните бенчмарк тесови се репрезентативни, овие подобрувања ќе бидат поскромни од она што го тврди Intel.

Процесорот е комбиниран со RTX 3090 графичка картичка и 32GB RAM меморија од 3200MHz (што е нова максимално поддржана брзина во однос со 2933MHz кај Core i9-10900K).

Двата процесори се тестирани во игрите Crysis Remastered, Cyberpunk 2077 и Star Wars: Jedi Fallen Order, а Core i7-11700K ќе бидат подобри во сите три теста за околу два до девет проценти.

Треба да се напомене дека овие тестови не се потврдени и можеби не ги претставуваат во целост перформансите на процесорите, но ни даваат добра најава за тоа што Intel го подготвува со својата 11. генерација чипови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести