29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Рангник: Не е само Роналдо во Јунајтед, важен е развојот на целата екипа

Најчитани вести

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник (63) во разговор за англиските медиуми откри зошто решил да го преземе клубот од Олд Трафорд.

– Тоа е еден од најголемите клубови, ако не и најголемиот во светот и среќен сум што ќе работам со оваа група играчи – изјави искусниот Германец.

Поранешниот тренер на Лајпциг, Шалке и Хофенхајм истакнува дека добро ја познава ситуацијата во клубот.

– Ги гледав сите последни натпревари, дури и пред контактот со клубот. Знам што се случува овде и во Премиер лигата. Овој тим има талент и искуство, а главната цел е да донесе рамнотежа во тимот. Ако погледнете на вкупниот број на примени гола е два по натпревар. Тоа е премногу. Јас сум амбициозен, сакам успешно да ја завршиме сезоната, но мора да бидеме реални. Разликата меѓу нас и водечките три клуба е голема. Но, ќе видиме – се зборовите на Рангник.

Рангник открива дека се обидел да го убеди привремениот тренер Мајкл Керик да остане во клубот, но тој веќе донел одлука да си замине. Германецот ќе остане на клупата на Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе работи како советник најмалку две години.

Во првото обраќање германскиот стручњак кажа и што мисли за најголемата ѕвезда во тимот – Кристијано Роналдо.

– Секогаш треба да го приспособиш својот стил на игра на играчите со кои располагаш. Никогаш не сум видел толку физички подготвен играч на 36 години. Но, не се работи само за него, туку за развојот на целиот тим – вели Рангник.

Рангник ќе има 120 милиони евра за засилувања во јануари

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com