Home Македонија Рамчиловиќ: Не се отвораат вести од сите медиуми, кај некои насловот е еден а содржината друго

Рамчиловиќ: Не се отвораат вести од сите медиуми, кај некои насловот е еден а содржината друго

by admin

И пратениците се плашат да не бидат објавени во медиумите како што не е во ред, оти тешко се чисти образот ако те стават насловна страница со лажна вест. Некако стана популарно да се бараат сандали и онаму каде што ги нема. За жал има медиуми кои прават негативна перцепција за пратениците иако и ние пратениците знаеме сами да им влеземе в уста на медиумите, вели Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник, за Утрински брифинг.

-Сѐ зависи од самиот пратеник. Но, во борба за дневнополитички поени и додворување на лидерот често се кажуваат неубави зборови и клевети. Од друга страна, не може да се обвинат новинарите што ги пренесуваат тие работи, вели Рамчиловиќ.

Тој коментира дека има сива зона во медиумите. Младите на пример се информираат преку социјалните мрежи, вели Рамчиловиќ, па некој портал со нарачана вест од политичка моќ ќе се појави на мрежите и веста ќе се прошири.

Според Рамчиловиќ, добра е иницијативата за една изборна заедница затоа што така во парламентот би биле застапени и помалите заедници.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More