8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Рамос ќе бира меѓу четири клубови

Најчитани вести

Серхио Рамос во следната сезона ќе носи нов дрес, Реал Мадрид синоќа го потврди неговото заминување, искусниот дефанзивец има неколку опции

Серхио Рамос заминува од Реал Мадрид, сега тоа е и официјално, Карло Анчелоти не успеа да го убеди да остане.

ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Севиља се посочуваат како негови можни дестинации.

„АС“ пишува дека Манчестер Сити води во трката по Рамос. Пеп Гвардиола сака да го донесе играчот кој има лидерски способности иако како опции во срцето на дефанзивата веќе ги има Рубен Диаш, Џон Стоунс Натан Аке.

Се вели дека и Манчестер јунајтед го посакува Рамос, тој би бил атрактивна опција и за тимот на Оле Гунар Солшер.

Рамос често се поврзува и со ПСЖ. Претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи не штеди пари па може да му понуди богат договор на Рамос.

Можна опција е и враќање во Севиља, но за вакво сценарио се даваат најмалку шанси.

Се верува дека Рамос веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата и се очекува веќе во наредните денови тоа официјално да биде соопштено.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести