10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Рамос објасни зошто го избрал ПСЖ и покрај многуте понуди кои ги имал на сопствена адреса

Најчитани вести

Серхио Рамос од следната сезона ќе има нов клуб откако се реши да стави крај на 16 годишната авантура во таборот на Реал Мадрид.

Искусниот стопер се реши да ја прифати понудата на францускиот тим, ПСЖ, кој според Рамос имал најдобар проект и токму затоа го избрал овој тим за продолжување на својата кариера.

– Најважната работа во мојата одлука да дојдам во Париз беше спортскиот проект. Овие играчи играа во Лигата на шампионите и беа блиску до освојување на тоа натпреварување, а тоа ме привлече, -изјави Рамос.

Според дел од медиумите во Шпанија и Англија, Рамос на своја адреса добил неверојатна понуда од Арсенал, но истата ја одбил затоа што клубот од „Емирејтс“ не се натпреварува во Лигата на шампионите.

Во ПСЖ, Рамос ќе заработува по 12 милиони евра по сезона, што исто така е голема сума на пари со оглед на фактот што фудбалерот е во зрели фудбалски години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com