Новото разочарување во најголемото светско клупско натпреварување, единствено за кое навистина се грижат сопствениците на клубот кога станува збор за освојување трофеи, предизвика земјотрес во Париз.
Килијан Мбапе се уште нема причина да остане во Париз и многу е извесно дека, како што претходно беше најавено, на лето ќе потпише за Реал Мадрид како слободен играч, а мадридски Ас денеска пренесува дека ПСЖ би можел да остави уште две големи имиња.. Тоа се Серхио Рамос и Нејмар.
Последниот натпревар во Лига 1 ПСЖ го одигра на „Паркот на принцовите“ против Бордо, а на него Нејмар и Меси беа мета на свирежи од трибините од моментот кога излегоа на теренот до крајот на натпреварот. Навивачите на ПСЖ свиреа на секој допир на топката, а Нејмар беше исвиркан дури и кога постигна гол.
Ас пишува дека ваквото однесување на навивачите предизвикало гнев кај Нејмар и го натерало да донесе тешка одлука. Бразилецот наводно решил да го напушти клубот по секоја цена во текот на летото, а по него би можел да дојде Серхио Рамос, кој нема играно од неговото доаѓање од Реал.
Проблемот со шпанскиот стопер не се навивачите и свирежите, туку повредите со кои се мачи откако дојде во клубот. Се чини дека здравствените проблеми се преголеми и дека Рамос повеќе нема да може да игра фудбал на врвно ниво. Затоа, според Ас, тој е решен да бара нов клуб на лето.
Ажурирана е и приказната за Лионел Меси. Како што се наведува , летово би можел да се врати во Барселона, без разлика што неговиот постоечки договор со ПСЖ истекува дури следното лето. Каталонскиот клуб се разбуди откако Жоан Лапорта ја презеде функцијата претседател, а Чави Ернандез го презеде тренерскиот штаб, а Меси наводно се гледа како дел од проектот.
Истите медиуми пренесуваат дека таткото на Меси веќе стапил во контакт со Барселона за да дознае дали има шанси неговиот син летово да се врати на Камп Ноу, стадионот на кој ги одигра најдобрите натпревари во кариерата.