10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Рамос нема вечерва да дебитира за ПСЖ

Најчитани вести

Серхио Рамос на почетокот на овој месец го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Рамос во ПСЖ потпиша договор на две години и се очекува да биде големо засилување за одбраната на францускиот клуб.

35 годишниот дефанзивец се приклучи на припремите на ПСЖ и се очекуваше вечерва да дебитира за ПСЖ, но тоа нема да се случи.

Рамос веќе пропушти три припремни натпревари затоа што Покетино не сакаше ништо да ризикува поради проблемите со коленото, но се најавуваше дека вечерва ќе игра.

Сепак, денес од францускиот клуб потврдија дека Рамос нема да биде во конкуренција за овој натпревар затоа што се уште има проблем со повредата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com