Албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека ќе го тужи актуелниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај. Најавата пристигнува неколку дена откако тој изјави дека премиерот Рама, заедно со косовскиот претседател Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ, планирале да го поделат Косово, наведувајќи цифра од 10 милијарди евра, пренесува Клан Косова.
Рама рече дека на него (Рамуш Харадинај) ќе му подготви „правилна артикулација на албанскиот јазик“.
Тој рече дека ќе го тужи Харадинај за јавните обвинувања што ги направил за ангажирање во поделбата на Косово.