Албанскиот премиер Еди Рама не е оптимист дека Албанија ќе добие датум за почеток на преговори на самитот на ЕУ в четврток.
-Дали сум оптимист? Не, отсечно одговорил рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, и додал дека не може да се биде оптимист ако се види се она што се случува во Европа.
-Јас сум оптимист за иднината на Албанија, но не и за она што ќе се случува идната недела . Ние сме колатерална штета,рекол Рама.