17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Рама: Не повлекувам ништо од тоа што го кажав за ЕУ во однос на вакцините

Најчитани вести

Албанскиот премиер Еди Рама одговори на вчерашната реакција на Амбасадата на Франција во Тирана, по неговите последови критики кон Европска Унија за нејзината политиката околу вакцините против Ковид-19 кон земјите од Западен Балкан.

Амбасадата на Франција во Тирана меѓу другото наведе дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Западен Балкан се опасен анти ЕУ курс.

– Зборував за конкретно прашање во конкретна ситуација, поврзана со вакцината и не отстранувам ниту запирка од она што ги кажав. Оставајќи ги настрана земјите од нашиот регион во дистрибуцијата на вакцината против Ковид, нема изговор во кој било план и ова го разбира секој што се прави дека не разбира. Но, немам ништо со Франција. Не нападнав ниту еден пријател, уште помалку Франција.

Француската амбасада направи грешка, вадејќи го од контекст она што го кажав. Тоа нема никаква врска со Франција, можев да земам за пример друга земја, истакна Рама.

Инаку, во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека „не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција“.

– Еди Рама тргна на опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ, кон Турција. Во меѓувреме, ЕУ, покрај стотиците милиони евра што и ги даде на Албанија, побара од официјална Тирана да ги исполни условите потребни за првата конференција ЕУ-Албанија. Сменетиот курс на Еди Рама, антиЕУ, станува опасен курс за европската иднина на земјата и за демократијата во Албанија, се наведува во реакцијата на Амбасадата на Франција во Тирана.

На изјавите на Рама за „незантересираноста на ЕУ“ да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан реагираше и евроамбасадорот Луиџи Сореца, нагласувајќи дека ЕУ и дала големата помош на Албанија за време на пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести