37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Рама најави нов контингент вакцини за Албанија

Најчитани вести

Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави дека наскоро во земјата ќе пристигне нов контингент вакцини против коронавирусот.

Рама ова го кажа за време на неговата посета на Скадар, каде продолжи процесот на вакцинација на вработените во образованието.

-Добрата вест е дека ќе имаме доволно вакцини. Вакцинацијата е доброволна, не е задолжителна, па затоа е нормално да се двоумиме, рече Рама по информациите дека некои наставници одбиле да ја примат вакцината на „АстраЗенека“.

Тој додаде дека по вакцинирањето на лицата над 80 години, ќе почне вакцинацијата на лицата над 60 години.

Претхопдно министерката за здравстсво, Огерта Манаситрлиу, најави дека во април ќе приситигне нова пратка од компанијата „Фајзер“што ќе се состои од 60.000 вакцини.

Досега во земјата се пристигнати над 80.000 вакцини против Ковид-19, а од нив 38.400 од „!АстраЗенекаЗ“, додека останатте се од „Фајзер“. Вакцинирани се над 33 илјади лица, главно здравствени работници, како и лица постари од 80 години и просветни работници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести