0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Рама нареди полиција да ги чува албанските плажи

Најчитани вести

По двата инциденти на албанските плажи во кои имаше загинати и ранети, премиерот Еди Рама нареди полиција да се распореди на целото крајбрежје и да „одзема на самото место лежалки, чадори за сонце и секаков вид друга помошна структура што не одговара на издадениот документ на субјектот“.

Во изминатите неколку дена се случија два инциденти: На плажа во Велипоја во кавга за поделба на сопственоста над песочните плажи во вооружен инцидент беа убиени четири а повредени две лица, додека во Дримадa, кај едно од најубавите турустички места, Дерми, запалени беа 60 лежалки и исто толку чадори за сонце.

„Сакам денес да упатам апел до сите оние субјекти кои немаат регуларна документација и работеа со теоријата на присутниот факт, дека се обврзани да ги напуштат областите што не им припаѓаат со закон и нерегуларно. Се што ќе биде одземено нема да им се врати“, рече Рама.

Посочи дека „плажите им припаѓаат на луѓето, на граѓаните и колку што приватните субјекти се вклучени во процесот на гарантирање на туристичката сезона, тие се исто така нивна одговорност“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com