18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Рама за преговорите: Доколку ЕУ не сака да се ожени со нас, ќе останеме монахињи

Најчитани вести

Доколку ЕУ не сака да се ожени со нас, ќе останеме монахињи на Европа, изјави албанскиот премиер Еди Рама. Тој зборува за почетокот на преговори со Европската Унија(ЕУ).

Вели дека Западен Балкан е оставен незаштитен, затоа што руското влијание е многу силно, не во Албанија, туку во БиХ, Црна Гора и особено во Србија.

„Ние ќе остариме без никогаш да се венчаме. Ние ќе бидеме монахињи на Европа“, изјавил Рама во интеревју за германски Велт.

За тоа дали ќе се свртат кон Истокот, тој е категоричен дека „Албанија никогаш нема да се откаже од обидот да се омажи за ЕУ и со никој друг“.

Тој ја коментира и блискоста на Русија и Србија.

„Србија не оди кон Русија. Напротив, зачудувачки, таа застана на страната на западот во осудата на руската агресија на Генералното собрание на ОН. Тоа е многу добар знак дека Србија трипати гласаше против Русија. Доколку Србија го направеше спротивното, тоа ќе беше тежок удар за нашата соработка“, вели Рама.

Албанија претходно најави дека ако Бугарија не го тргне ветото за Македонија до јуни, ќе бара раздвојување на двете земји на патот кон ЕУ. Рама порача дека не можат да чекаат да се решат соседските кавги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com