Home » Рама: Донесовме одлука што не знам дали е луда, но не ја покачуваме струјата за домаќинствата

Рама: Донесовме одлука што не знам дали е луда, но не ја покачуваме струјата за домаќинствата

by Журнал.мк

Енергетската криза значи затварање на граѓаните исто како за време на пандемијата, а тоа не е добро. Ние донесовме одлука која не знам дали е паметна или луда, цената на струјата за домаќинствата да остане иста, рече албанскиот премиер Еди Рама на самитот на “Отворен Балкан во Белград.

-Прашањето е до кога ќе трае ова, и да имате пари нема енергија што може да се купи, затоа треба соработка и ЕУ да не се однесува како во пандемијата. Земјите од Балканот мораа да одат во Кина и Русија по вакцини. Бидејќи ЕУ се затвори и гледаше само во ѕидовите на својот замок. За среќа сите лидери од ЕУ прифатија дека тоа беше резил. Не може да ги оптовариме граѓаните и фирмите особено за струјатата, затоа бараме дополнителна финансиска поддршка од ЕУ. Не чекаат тешки седум месеци за обезбедување со струја, додаде Рама.

Премиерот на Албанија, рече дека му е мило што гледа знаци дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети од Отворен Балкан.

– Балканот за Европа е важен, како и Европа за Балакнот, убеден сум дека тоа ќе им стане јасно на сите. На винскиот саем е собран целиот регион. Но ние не сме тука само да промовираме храна и вино од регионот, туку да ги зближиме луѓето чекор по чекор – рече Рама.

Тој потенцираше колку е важно здружувањето на земјите како заеднички одговор на прехранбената и енергетската криза што ни се заканува, но и за можноста регионот да се претсатави како заеднички простор на инвеститорите.

– Да ги споиме искуства за инвеститорите и да им го понудиме овој простор Отворен Балкан. Ние, со претседателот на Србија и со премиерот на Северна Македонија не измисливме велосипед, само научивме како да соработуваме и да ги оставиме настрана старите проблеми. Оние кои имаат визија за добра иднина ќе го разберат Отворен Балкан – рече Рама.

На Самиот Отворен Балкан во Белград, покрај домаќинот Александар Вучиќ, присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, Ефи Рама како и министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Во рамките на Самитот е и потпишувањето на меморандумите и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk