„Кој и да каже дека оваа иницијатива е проектирана во бившо-југосовенските подруми за да се основа повторно бившата Југославија и да се и даде хегемонија на Србија бидејќи таа е најмоќна па ќе ни одземе се, тогаш тој живее во паралелен свет“, рече премиерот на Албанија Еди Рама за време на денешниот Економски форум во Скопје.
Тој додаде дека тие луѓе живеат за политика врз грбот на луѓето, а не за добросостојбата и зајакнувањето на мостовите меѓу народите.
„Ова не е ни помалку ни повеќе туку формирање на еден амбиент кој живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, но во меѓувреме секоја земја посебно си прави свои напори за пристапување кон ЕУ“, рече премиерот на Албанија Еди Рама.
На денешниот Економски форум кој се одржува во Скопје, треба да биде обелоденето и името на иницијативата која досега беше нарекувана „Мал Шенген“.