Home » Рама во Брисел на средба со Столтенгберг, тема изградба на база во Драч

Рама во Брисел на средба со Столтенгберг, тема изградба на база во Драч

by Журнал.мк

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел, како што јавија албанските медиуми, треба да има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Рама пред неколку дена јавно го објави предлогот на албанската влада за поставување воена база на евроатланската алијанса во новото пристаниште Драч, што според него предизвикало не мал интерес, туку и волја за разговор. Според Рама, во новото пристаниште, кое ќе биде во Порто Романо, покрај комерцијалниот дел, се предвидува да има и воена база. Порто Романо треба да биде најголемото трговско пристаниште на брегот на Јадранското Море, а сега покрај трговското пристаниште треба да добие и воен дел.

Рама претходно му понуди на НАТО обновување и реконструкција и на поморската база Пашалиман, кај Валона. Во јануари годинава, Алијансата ја започна реконструкцијата на воздухопловната база Кучово, кај Берат, на околу 85 километри јужно од Тирана, која ќе прерасне во модерен центар на операции и нејзината способност е да прими голем број борбени авиони. Ќе бидат вложени 50 милиони евра и се очекува да биде оперативна до крајот на 2023 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More