Home » Рама: Владата на Бугарија падна бидејќи нема пари

Рама: Владата на Бугарија падна бидејќи нема пари

by Журнал.мк

Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.

-Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката на опозициската Демократска партија Јорида Табаку на денешната пленарна седница на парламентот.

Тој при тоа како пример го посочи падот на владата во Бугарија.

-Тука ќе дојде ден кога нема да биде во прашање колку чини туку каде да се најде енергија, нафта и храна. Со тоа денес се соочува Европа. Вчера падна владата во Бугарија. Тие што ја паднаа велат има две причини, заложништво од владата и второ бидејќи Бугарија нема пари, рече Рама.

Оцени дека состојбата насекаде е драматична и ѝ порача на опозицијата доколку сака да прави политика, нема проблем, но ако сака да придонесе со добри идеи, владата со задоволство ќе ги прифати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More