Немаме отворени прашања, изјави премиерот на Бугарија Стефан Јанев на прес-конференцијата по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.
Според Јанев, билатералните прашања не треба да се решаваат на меѓународно ниво.
Рамковниот став за Македонија е оној што Софија го брани. Проблемите со Македонија може да се решат само на билатерална основа без мешање, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев.
Според албанскиот премиер соработката меѓу Албанија и Бугарија, нема никакви проблеми.
-Ние ќе ги почитуваме сите пријателски земји, бугарија и македонија треба да ги решат проблемите. Другите не можат да го заменат она што двете земји треба да го направат. Бугарија како членка на ЕУ е зрела и има сè и се сеќава кога беше во поинаква позиција, изјави албанскиот премиерот еди Рама во софија.
Рама, посочи дека Албанија не зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Македонија.