2 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Рамадани за поддршката од Италија: Германија повеќе не е сама против Франција за проширувањето на ЕУ

Најчитани вести

Исмет Рамадани, советникот на премиерот Зоран Заев, за евроатлански интеграции на денешната дебата на ТВ24 изјави дека исклучително важно е што Италија се вклучува во интензивна поддршка за Македонија во однос на добивање на датум за преговори со ЕУ. Според Рамадани ова е добро од аспект што Германија има поддржувач плус во однос на Франција кога станува збор за проширувањето.

-Добро е што во значајна улога се вклучува и Италија. Откако Макрон се спротистави, се вклучи Италија, таа оска Берлин-Парис-Рим повторно е активна во однос на проширувањето на ЕУ. Имавме и претходно добри односи со Италија, но сега со посетата на претеседателот и премиерот односите се продлабочуваат. Ова значи дека Германија не е сама против Франција. тоа ќе оди во наш прилог, вели Рамадани.

Советникот за евроатлански интеграции на премиерот на РМ вели дека не треба ништо посебно да се очекува на вонредниот состанок на Европскиот совет закажан за 19 ноември од причина што тогаш само ќе биде ставен на маса нацрт планот на Франција, но нема ништо да се решава тој ден, туку дополнително ќе се дебатира за истиот.

-Таму ќе биде ставен на маса нацрт план или методологија. Тој документ нема да добие никаков епилог на истата седница. Но, доброто е тоа што сега сме малку приземјени и не треба пак да креваме врева дека којзнае што ќе биде на деветнаести. Треба да видиме дали преставниците ќе бидат расположени пак да го иницираат прашањето за датумот со тоа што се ќе биде поврзано со планот кој ќе биде преставен од страна на Франција, вели Рамадани.

Тој додава дека мора да бидеме опстимисти за влезот на Македонија во ЕУ од причина што тоа е дополнителен мотив младите да останат во земјата и да веруваат дека земјата се движи во вистински пат.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести