-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Ракитиќ пред натпреварот со Атлетико добивал пораки од Барселона

Најчитани вести

Иван Ракитиќ и Севиља вчера на свој терен го победија Атлетико Мадрид со 1:0 и така направија трката за титулата во Шпанија до крајот да биде крајно неизвесна.

Ракитиќ одигра добар натпревар, во шестата минута изнуди пенал меѓутоа Оскампос не го реализираше. Атлетико сега има 66 бодови, Реал 63, Барселона 62 и натпревар помалку што значи дека трката за титулата е целосно отворена. Следниот викенд не чека дербито помеѓу Реал и Барселона од кое многу работи може да зависат.

„Некои пријатели од Барселона ми пишаа дека знаеме што мораме да направиме, но победивме поради себе, секој води свои битки. Ние сакаме да играме во Лигата на шампионите. Зборував со Луис, ги разменивме дресовите. Кога ќе изгубиш немаш пријатели, дури и ако си Луис Суарез. Никој не сака да губи“, изјави Ракитиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com