14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Раиси: Ја поддржувам дипломатијата, санкциите против Иран мора да се укинат

Најчитани вести

Новиот ирански претседател Ебрахим Раиси изјави дека ќе ги поддржи „сите дипломатски планови” за укинување на американските санкции, но притисокот од странство нема да го натера Техеран да се откаже од „своите права”, пренесува Би-Би-Си.

Иран се бори со длабока економска и социјална криза поради одлуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Вашингтон да се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година и да воведе строги санкции.

„Санкциите против нашата нација мора да бидат укинати. Ќе ги поддржиме сите дипломатски планови што ќе ја постигнат оваа цел“ рече Раиси, положувајќи заклетва како претседател.

Тој додаде дека „политиката на притисок и санкции нема да ја натера иранската нација да се откаже од заштитата на своите законски права”. Притоа ја повтори официјалната позиција на Техеран да развива нуклеарна технологија само за мирољубиви цели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com