16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Раиси најави истрага за смртта на Амини, но го впери прстот кон САД

Најчитани вести

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека смртта на девојката која почина откако беше приведена од полицијата, што предизвика протести во Иран, ќе биде истражена.

– Бидете уверени дека истрага сигурно ќе биде отворена – им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба од страна на полицијата, што демонстрантите го оспоруваат.

По смртта на 22-годишната Махса Амини низ цел Иран избија протести во кои загинаа најмалку 17 луѓе. Таа била приведена и претепана од полицијата за морал бидејќи наводно не носела правилно хиџаб, по што Амини паднала во кома и починала.

Убиството на младата Амини го осудија Обединетите нации, Европската унија и САД. А иранскиот претседател ги повтори тврдењата западните двојни стандарди за човекови права. Тој вчера во Њујорк праша дали се истражени сите оружени инциденти во кои е вмешана американската полиција.

– Дали сите овие смртни случаи се истражени – праша Раиси.

Иранскиот претседател рече дека не треба да се избрзува со заклучоци.

– Доколку една од страните направила грешка, тоа секако ќе се испита – рече тој и додаде дека контактирал со семејството на починатата девојка и ветил дека детално ќе го истражи инцидентот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com